ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / РЕАКЦИЈА НА ИЗЈАВА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ

РЕАКЦИЈА НА ИЗЈАВА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ

 

РЕАКЦИЈА НА ИЗЈАВА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ

 

Би сакале да го информираме градоначалникот на општината Карпош дека празнењето на комуналниот отпад од  контејнерите и од кантите во индивидуалните домаќинства во оваа скопска општина се одвива согласно редовната динамика предвидена со Оперативниот план за собирање комунален отпад на територијата на Градот Скопје. ЈП Комунална хигиена-Скопје деновиве забележа загрижувачка појава на диво исфрлање на отпад собран од страна на општинските комунални служби во општината Карпош во садовите поставени од ЈП Комунална хигиена-Скопје меѓутоа и на зелени површини низ општината. Веројатно тоа е причината за неговата неконтролирана реакција во јавност на сметка на КХС. Притоа, градоначалникот со денови објавува фотографии од садовите коишто ги преполнуваат неговите општински служби и за истото сака да ја обвини ЈП Комунална хигиена-Скопје. Апелираме до Јакимовски да го прочита Законот за управување со отпад и веднаш да престане со подметнувања и неосновани напади, а за непрописното фрлање отпад ќе биде секогаш санкциониран без разлика на неговите реакции, обиди за притисоци и префрлање на вина во јавност.

[ петок, 04 април 2025 ] [ 83 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar