ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / НЕПРОПИСНО ОДЛАГАЊЕ ГРАДЕЖЕН ОТПАД ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР

НЕПРОПИСНО ОДЛАГАЊЕ ГРАДЕЖЕН ОТПАД ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР

 

НЕПРОПИСНО ОДЛАГАЊЕ ГРАДЕЖЕН ОТПАД ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР

 

JП Комунална хигиена Скопје ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден е забележано непрописно исфрлање градежен отпад, во и околу контејнерите наменети за одлагање комунален отпад од страна на службите на општината Центар. Со овие дејствија се намалуваат капацитетите на локациите за одлагање комунален отпад наменети за граѓаните и се креираат диви депонии. Градежниот отпад во контејнерите на JП Комунална хигиена Скопје како и во нивната непосредна околина го фрлале вработени во општинските комунални служби при општината Центар, со што директно го прекршиле Законот за јавна чистота и ја загрозиле животната средина. JП Комунална хигиена Скопје апелира до градоначалникот на општината Центар дека контејнерите поставени на јавни површини се наменети исклучиво за одлагање мешан комунален отпад. При празнењето на овие контејнери се употребуваат специјални комунални возила коишто се оштетуваат при контакт со градежен отпад. Градежниот отпад се депонира на депонијата Дрисла, за што имаат обврска требало да го направат неговите општински комунални служби, а не истиот да го фрлаат во садовите на JП Комунална хигиена Скопје. Воедно, секое фрлање отпад надвор од контејнерите претставува кршење на Законот за јавна чистота и резултира со загрозување на животната околина и јавното здравје.

[ сабота, 22 март 2025 ] [ 98 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar