ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ОТСТРАНЕТИ 60 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ ЧАИР, ЦЕНТАР И ГАЗИ БАБА

ОТСТРАНЕТИ 60 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ ЧАИР, ЦЕНТАР И ГАЗИ БАБА

 

ОТСТРАНЕТИ 60 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ ЧАИР, ЦЕНТАР И ГАЗИ БАБА

 

Во текот на вчерашното деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку обемни диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар и Гази Баба. Во општината Чаир е повторно интервенирано на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати 30 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени  кај детското игралиште на аголот со улицата Максут Садик. Во општината Центар се отстранети приближно 20 кубни метри кабаст отпад од јавни и сообраќајни површини на улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и Народен фронт. ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и во скопската општина Гази Баба, каде што во населбата Хиподром се подигнати 10 кубни метри кабаст и градинарски отпад одложени на сообраќајна површина во близина на последната автобуска постројка на автобусот бр.50.

[ среда, 12 март 2025 ] [ 130 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar