ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ПОДИГНАТИ 80 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ.

ПОДИГНАТИ 80 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ.

 

ПОДИГНАТИ  80 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ.

 

Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Карпош, Ѓорче Петров, Центар и Чаир. Во општината Карпош е интервенирано на улиците Московска и Прашка, каде што се подигнати вкупно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад.
Во општината Ѓорче Петров се подигнати 20 кубни метри кабаст отпад, одложен на тревна површина долж главната улица.
Во општината Центар се расчистени приближно 15 кубни метри непрописно одложен мешан комунален отпад од улицата Тодор Александров, на потегот што води кон Средно Водно. ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и во скопската општина Чаир, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри отпад одложен на јавни и сообраќајни површини на улицата Цветан Димов, во непосредна близина на градинката Фидани и т.ц. Чаирчанка.

[ четврток, 06 март 2025 ] [ 93 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar