ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА СКОПЈЕ РЕАЛИЗИРА КОНТИНУИРАНИ АКТИВНОСТИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ХИГИЕНАТА ВО ОПШТИНАТА ЦЕНТАР

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА СКОПЈЕ РЕАЛИЗИРА КОНТИНУИРАНИ АКТИВНОСТИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ХИГИЕНАТА ВО ОПШТИНАТА ЦЕНТАР

 

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА СКОПЈЕ РЕАЛИЗИРА КОНТИНУИРАНИ АКТИВНОСТИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ХИГИЕНАТА ВО ОПШТИНАТА ЦЕНТАР

 

ЈП Комунална хигиена-Скопје ја демантира изјавата на градоначалникот на општината Центар, каде што се наведени невистинити информации поврзани со активностите на Претпријатието во оваа скопска општина.
Би сакале да напоменеме дека одржувањето на хигиената околу пазарот Буњаковец не е и никогаш не било во надлежност на ЈП Комунална хигиена Скопје, исто како и сервисните улици во општината. Хигиената на споменатите локации е во надлежност токму на општина Центар, затоа Герасимовски кој не може да се пофали со ниту еден посериозен проект во Центар, се обидува за својата неспособност за одржување на јавната чистота во Центар да бара друг одговорен. ЈП Комунална хигиена Скопје на територијата на општината Центар, комуналниот отпад секојдневно се собира и транспортира без никаков застој, според динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје. Воедно, во оваа скопска општина секојдневно се реализира и рачно и машинско метење на јавните и сообраќајните површини, во согласност со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје. Градоначалникот на општината Центар во својата изјава наведува дека од страна на хигиеничарите од Општината и од јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ биле исчистени јавните површини околу пазарот Буњаковец, како и улиците во споменатиот реон, со што политика меша каде не и е место, додека одработува политички за Орце Ѓоргиевски и ВМРО. ЈП Комунална хигиена Скопје има надлежност за одржување на хигиената на булеварите и собирните улици, како и празнење на надземните и подземните контејнери поставени на јавни површини.

Со почит,
ЈП Комунална хигиена Скопје


[ среда, 05 февруари 2025 ] [ 104 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar