За жал, градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, ја оштетува
општината и своите сограѓани, по што за да ги сокрие своите постапки вината се обидува да ја префрли на друг. JП Комунална хигиена-Скопје
секојдневно и редовно го собира сметот на микролокациите определени со пропис во општината.
Спротивно пак на законите, Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, противправно има поставено свои отпадни садови кои е должен сам да ги собира. Откако е фатен со општински возила како нелегално ѓубрето го фрла на дива депонија формирана на приватен плац сопственост токму на КУРТО ДУДУШ, покрената му е постапка за кривична одговорност.
Од таму се хистеричните реакции на Дудуш, кој се обидува да се спаси од кривичните
дела за кои е гонет и кои ќе докажеме дека ги сторил, со што ги оштетилсвоите сограѓани и општината.
ДЕМАНТ ОД ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ
[ петок, 10 јануари 2025 ] [ 43 ]