ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ОТСТРАНЕТИ 50 КУБНИ МЕТРИ НЕПРОПИСНО ОДЛОЖЕН ОТПАД ВО ТЕКОТ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ

ОТСТРАНЕТИ 50 КУБНИ МЕТРИ НЕПРОПИСНО ОДЛОЖЕН ОТПАД ВО ТЕКОТ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ

 

ОТСТРАНЕТИ 50 КУБНИ МЕТРИ НЕПРОПИСНО ОДЛОЖЕН ОТПАД ВО ТЕКОТ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ

 

ЈП Комунална хигиена-Скопје и во текот на новогодишната ноќ реализираше активности за одржување на хигиената и чистотата на јавните површини во градот Скопје, како и празнење на поставените садови за одлагање комунален отпад.
Веднаш по завршувањето на новогодишната прослава на плоштадот Македонија, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија целосно расчистување на просторот на плоштадот, улицата Македонија и пешачките мостови во централното градско подрачје, во чиишто рамки беа подигнати и транспортирани 20 кубни метри ситни отпадоци одложени на јавни површини.
Во текот на новодишната ноќ беа отстранети и приближно 30 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Гази Баба и Карпош. Интервенирано е на улицата Душан Тасковиќ во населбата Железара, како и на булеварот Илинден, во непосредна близина на комплексот МИДА.

[ четврток, 02 јануари 2025 ] [ 24 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar