Приближно 200 вработени во ЈП Комунална хигиена-Скопје, новогодишната ноќ ја поминуваат извршувајќи ги своите редовни активности за одржување на хигиената и чистотата на јавните површини во нашиот град, како и празнење на поставените садови за одлагање комунален отпад.
Оваа година, заедно со работниците на терен новогодишната ноќ ќе ја одбележи и директорот на Претпријатието, Јетон Незири, којшто на вработените ангажирани во третата смена им подели новогодишни пакети, посакувајќи им успешна и бериќетна 2025 година.
ДИРЕКТОРОТ ЈЕТОН НЕЗИРИ ЈА ПОМИНА НОВОГОДИШНАТА НОЌ СО ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ
×
[ среда, 01 јануари 2025 ] [ 42 ]