ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ОТСТРАНЕТИ ПОВЕЌЕ ДИВИ ДЕПОНИИ ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ КИСЕЛА ВОДА И ЦЕНТАР

ОТСТРАНЕТИ ПОВЕЌЕ ДИВИ ДЕПОНИИ ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ КИСЕЛА ВОДА И ЦЕНТАР

 

ОТСТРАНЕТИ ПОВЕЌЕ ДИВИ ДЕПОНИИ ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ КИСЕЛА ВОДА И ЦЕНТАР

 

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа низа активности за отстранување диви депонии во скопските општини Кисела Вода и Центар.
Во општината Кисела Вода е интервенирано на улиците Невена Георгиева-Дуња и Димо Хаџи Димов, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, градежен и кабаст отпад.
ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти и неколку помали диви депонии во околината на Градскиот стадион, каде што се подигнати и транспортирани приближно 15 кубни метри отпад од јавни површини.
Воедно,  во текот на изминатава седмица, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје  изготви седум едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини во скопските општини Центар, Карпош и Чаир.  Во рамките на интервенциите на Еко-патролата,  од страна на сторителите беа отстранети вкупно 32 кубни метри непрописно одложен градежен отпад.

[ петок, 29 ноември 2024 ] [ 15 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar