Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје интервенираа на повеќе локации во општината Ѓорче Петров, каде што се отстранети приближно 30 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани на улиците Лихнида, Ѓорче Петров и Никола Пушкаров - во непосредна близина на објектот на старата општина.
Воедно, подигнати се и околу 10 кубни метри непрописно одложен кабаст и мешан комунален отпад од сообраќајна површина на улицата Цветан Димов во скопската општина Чаир.
ОТСТРАНЕТИ НЕКОЛКУ ДИВИ ДЕПОНИИ ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ И ЧАИР
×
[ четврток, 21 ноември 2024 ] [ 27 ]