Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 80 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во неколку скопски општини.
Дел од активностите се одвиваа во општината Ѓорче Петров, каде што на улицата Лука Геров беше отстранета обемна дива депонија составена од 50 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад.
Воедно, расчистени се и приближно 10 кубни метри непрописно одложен отпад од картонско пакување на улицата Тодор Александров, на потегот што води кон Средно Водно.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на минатата ноќ повторно интервенираа и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) каде што на аголот со улицата Максут Садик се подигнати 20 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени на јавна површина, во непосредна близина на детското игралиште.
ВО ТЕКОТ НА ВЧЕРАШНИОТ ДЕН СЕ ПОДИГНАТИ 80 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ
×
[ четврток, 24 октомври 2024 ] [ 23 ]