Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше повеќе активности за отстранување диви депонии во чиишто рамки се подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри непрописно одложен отпад. Активностите се одвиваа во скопските општини Бутел и Аеродром.
Во општината Бутел е интервенирано во населбата Радишани, каде што се отстранети приближно 20 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата Радишанска.
Екипите на Претпријатието подигнаа и транспортираа и 10 кубни метри непрописно одложен отпад на улицата Бојмија, во непосредна близина на Железничката станица во скопската општина Аеродром.
ПОДИГНАТИ 30 КУБНИ МЕТРИ НЕПРОПИСНО ОДЛОЖЕН ОТПАД ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ БУТЕЛ И AEРОДРОМ

×![]()







[ среда, 23 октомври 2024 ] [ 96 ]