Во текот на празничниот продолжен викенд, екипите на ЈП Комунална
хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 70 кубни метри отпад
од десетина диви депонии лоцирани во скопските општини Аеродром, Центар,
Карпош и Чаир.
Отстранети се автомобилски гуми, стар и неупотреблив мебел, градинарски
отпад и градежен шут што беа непрописно одложени на јавни и сообраќајни
површини на улиците Февруарски поход – во општината Аеродром, Орце
Николов и Народен фронт – во општината Центар, Вуковарска - во општината
Чаир, улиците Јуриј Гагарин и Париска, како и булеварот Метрополит
Теодосиј Гологанов – во скопската општина Карпош.
Во текот на викендот беше извршено и целосно расчистување на теренот по
сообраќајната незгода што се случи на аголот меѓу булеварите Србија и
Трета македонска бригада, во скопската општина Аеродром.
ОТСТРАНЕТИ ДЕСЕТИНА ДИВИ ДЕПОНИИ ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ АЕРОДРОМ, ЦЕНТАР, КАРПОШ И ЧАИР

×![]()




















[ понеделник, 14 октомври 2024 ] [ 122 ]