Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална
хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад
од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар и
Бутел.
Отстранети се 20 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на
улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, како
и големо количество органски отпад и отпад од картонска амбалажа на
улицата Васил Ѓорѓов во населбата Капиштец, во општината Центар.
Воедно, во рамките на третата смена е расчистена и обемна дива депонија
лоцирана во скопската општина Бутел, во непосредна близина на Прифатниот
центар за поддржано живеење за бездомни семејства во населбата
Визбегово.
РАСЧИСТЕНИ ОБЕМНИ ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ОПШТИНИТЕ ЦЕНТАР, ЧАИР И БУТЕЛ

×![]()










[ четврток, 10 октомври 2024 ] [ 92 ]