Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје
реализираше низа активности за отстранување диви депонии во чиишто рамки
се подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри непрописно
одложен отпад.
Активностите се одвиваа на неколку локации во општината Ѓорче Петров -
на улиците Борис Сарафов, Ѓорче Петров и Македонска војска, како и во
општината Чаир- на булеварот Втора македонска бригада и на улицата Џон
Кенеди.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на минатата ноќ повторно
интервенираа и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) каде што е
отстранета дива депонија лоцирана на аголот со улицата Максут Садик, во
непосредна близина на Амбасадата на САД.
ПОДИГНАТИ 50 КУБНИ МЕТРИ НЕПРОПИСНО ОДЛОЖЕН ОТПАД ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ ЧАИР И ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

×![]()








[ среда, 09 октомври 2024 ] [ 66 ]