Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална
хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 40 кубни метри отпад
од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Гази Баба и
Центар.
Во строгиот центар на градот, на улицата Димитрије Чуповски, беше
отстрането големо количество отпад од картонска амбалажа. Интервенирано
е и на булеварот Гоце Делчев, спроти зградата на МРТВ, каде што се
подигнати околу 15 кубни метри кабаст отпад одложен на сообраќајна
површина.
Во рамките на третата смена, ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти и 20
кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на булеварот
Александар Македонски, во непосредна близина на ООУ „Тефејуз“.
ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ПОДИГНА 40 КУБНИ МЕТРИ НЕПРОПИСНО ОДЛОЖЕН ОТПАД ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ ГАЗИ БАБА И ЦЕНТАР

×![]()







[ вторник, 08 октомври 2024 ] [ 101 ]