ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ОПОЖАРЕН ЕДЕН КОНТЕЈНЕР ВО СКОПСКАТА ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

ОПОЖАРЕН ЕДЕН КОНТЕЈНЕР ВО СКОПСКАТА ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

 

ОПОЖАРЕН ЕДЕН КОНТЕЈНЕР ВО СКОПСКАТА ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

 

Во текот на изминатиот викенд, непознати сторители опожариле еден
контејнер наменет за одлагање комунален отпад лоциран на главната улица
во скопската општина Ѓорче Петров. Опожарениот контејнер беше со
зафатнина од 3,2 м3 и е целосно уништен и неупотреблив.
Од почетокот на годинава беа опожарени вкупно 19 пластични контејнери
поставени на јавни површини. Со цел да не се наруши динамиката на
одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад,  ЈП Комунална
хигиена-Скопје во најкус можен рок сите опожарени садови ги замени со
нови.
ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на садовите
за одлагање отпад, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги
извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната
програма за работа.

[ понеделник, 07 октомври 2024 ] [ 31 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar