ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО OПШТИНИТЕ БУТЕЛ И ЧАИР

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО OПШТИНИТЕ БУТЕЛ И ЧАИР

 

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО OПШТИНИТЕ БУТЕЛ И ЧАИР

 

Во текот на вчерашната ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје
продолжија со реализација на активностите за расчистување на дивите
депонии во скопските општини Бутел и Чаир.
Во општината Бутел се отстранети приближно 30 кубни метри отпад од
неколку диви депониии лоцирани на улицата Босна и Херцеговина – кај
социјалните згради, како и на улицата Скоевска, во непосредна близина на
Спортската сала во населбата Радишани.
Подигнати се и транспортирани и околу 20 кубни метри отпад од диви
депонии лоцирани на улиците Цветан Димов и Џон Кенеди во скопската
општина Чаир.

[ вторник, 01 октомври 2024 ] [ 26 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar