Во текот на минатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје
подигнаа и транспортираа приближно 130 кубни метри отпад од неколку диви
депонии лоцирани во скопските општини Бутел и Чаир.
Отстранети се 40 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на
улицата Боца Иванова, на последната постројка на автобусот 59, во
непосредна близина на градските гробишта Бутел.
Се интервенираше и на улиците Ресенска, Струмичка, Вуковарска, Цветан
Димов и Џон Кенеди во општината Чаир, каде што се отстранети приближно
90 кубни метри непрописно одложен отпад.
Активностите за расчистување на дивите депонии во општините Бутел и Чаир
ќе продолжат и во текот на денешниот ден.
СЕ РАСЧИСТУВААТ ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО OПШТИНИТЕ ЧАИР И БУТЕЛ
×
[ понеделник, 30 септември 2024 ] [ 24 ]