Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална
хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 40 кубни метри отпад
од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Бутел, Чаир,
Аеродром и Центар.
Активностите се одвиваа на улицата Призренска во скопската општина
Бутел, Македонско-косовска бригада и Втора македонска бригада во
општината Чаир, а интервенирано е и на улицата Загребска во непосредна
близина на Клиничкиот центар во општината Центар, како и на улицата
Бојмија во скопската општина Аеродром.
ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ОТСТРАНИ НЕКОЛКУ ДИВИ ДЕПОНИИ ВО OПШТИНИТЕ БУТЕЛ, ЧАИР, АЕРОДРОМ И ЦЕНТАР
×
[ среда, 25 септември 2024 ] [ 35 ]