Во текот на минатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје
реализираа активности за отстранување десетина диви депонии лоцирани во
неколку скопски општини.
Подигнати се 25 кубни метри градежен отпад одложен на јавни и
сообраќајни површини во општината Чаир, во близина на градинката Фидани,
како и повеќе диви депонии на булеварот Македонско-косовска бригада, во
населбата Топаана. Повторно е интервенирано и на булеварот Никола Карев
(Пластичарска улица), каде што е отстранета обемна дива депонија
лоцирана на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на
Амбасадата на САД.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија и неколку диви депонии
лоцирани на улицата Никола Пушкаров во општината Ѓорче Петров, како и на
булеварот Србија во скопската општина Аеродром.
ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ СЕ ПОДИГНАТИ 25 КУБНИ МЕТРИ НЕПРОПИСНО ОДЛОЖЕН ГРАДЕЖЕН ОТПАД ВО ОПШТИНАТА ЧАИР

×![]()

















[ понеделник, 23 септември 2024 ] [ 98 ]