Во текот на изминатите три дена ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за подигнување и транспорт на непрописно одложен отпад од диви депонии во општина Чаир на улицата Џон Кенеди кај училиштето Васил Главинов и маркетот Веро.
Активностите за расчистување на дивите депонии ќе продолжат и во наредниот период.