Екипите на ЈП Комунална хигиена - Скопје продолжуваат со активностите за расчистување на диви депонии во градот. Во текот на вчерашниот ден се расчистија четири диви депонии во општина Ѓорче Петров ( Борис Сарафов кај школото, кај автобуска станица, во непосредна близина на болницата Санте плус, кај старата зграда на општината) кои беа лоцирани на булевар Ѓорѓе Петров.