ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / СЕ РАСЧИСТУВААТ ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО OПШТИНИТЕ ЧАИР И БУТЕЛ

СЕ РАСЧИСТУВААТ ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО OПШТИНИТЕ ЧАИР И БУТЕЛ

 

СЕ РАСЧИСТУВААТ ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО OПШТИНИТЕ ЧАИР И БУТЕЛ

 

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 100 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Бутел и Чаир.

 

Подигнати се  приближно 70 кубни метри отпад од обемната дива депонија лоцирана на улицата Боца Иванова, на последната постројка на автобусот 59, во непосредна близина на градските гробишта Бутел.

 

Се интервенираше и на улиците Прохор Пчински и Струмичка во општината Чаир, каде што се отстранети 30 кубни метри непрописно одложен отпад.

 

 

 

Активностите за расчистување на дивите депонии во општините Бутел и Чаир ќе продолжат и во текот на денешниот ден.

 

[ петок, 30 август 2024 ] [ 29 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar