ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / Собирање и расчистување од непрописно одложен отпад на бул.,,Никола Карев

Собирање и расчистување од непрописно одложен отпад на бул.,,Никола Карев

 

Собирање и расчистување од  непрописно одложен  отпад  на  бул.,,Никола Карев

 

ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно се соочува со непрописно одлагање отпад на јавни површини и на просторот околу контејнерите. Претпријатието секојдневно реализира активности за расчистување на непрописно одложениот отпад.

 

Во текот на вчерашниот ден  расчистена е една од локациите каде постојно се повторува непрописно одлагање отпад,а тоа е просторот кај бул. Никола Карев кај игралиштето спроти Американска амбасада.Собрани  и транспортирани се околу 50м3 отпад.По расчистување на просторот извршено е рачно и машинско миење со автоцистерна.

 

ЈПКХС апелира до несовесните граѓани да не се одлага отпадот непрописно, сè со цел да придонесеме за чиста и здрава животна средина.

 

[ четврток, 25 јули 2024 ] [ 101 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar