Во согласност со Оперативниотплан за одржување на јавната чистота нап одрачјето на градотСкопје, ЈП Комунална хигиена Скопје изведе активности замашинско и рачномиење на плоштадот Македонија.
Со цел одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата на јавните површини, особено во летниот период , ЈП Комунална хигиена Скопје спроведува секојдневно миење на плоштадот Македонија.
Машинското и рачното миење на плоштадот се изведе со автоцистерни.Одржувањето на хигиената се одвива во доцните ноќни часови, односно во рамките на третата оперативна смена, кога е намалена фреквенцијата на пешаци.