ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ОТСТРАНЕТИ 100 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ОПШТИНАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

ОТСТРАНЕТИ 100 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ОПШТИНАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

 

ОТСТРАНЕТИ 100 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ОПШТИНАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

 

Во текот на изминатите два дена, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во координација со Градот Скопје, спроведоа акција за отстранување неколку диви депонии лоцирани во скопската општина Ѓорче Петров.

Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани приближно 100 кубни метри претежно кабаст, градежен  и мешан комунален отпад, при што се отстранети 60 кубни метри отпад од обемна дива депонија на улицата Црногорска - во близина на автобуската постојка, како и 40 кубни метри отпад од неколку помали диви депонии лоцирани на улиците Македонска војска, Христо Батанџиев, Борис Сарафов, Никола Пушкаров и Лука Геров.

Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат до граѓаните правилно и совесно да го одлагаат својот отпад и на тој начин да придонесат кон заштитата на животната средина и јавното здравје.

 

[ четврток, 18 април 2024 ] [ 86 ]

 
Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar