ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ РЕАЛИЗИРА ЗАСИЛЕНИ АКТИВНОСТИ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН БАЈРАМ

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ РЕАЛИЗИРА ЗАСИЛЕНИ АКТИВНОСТИ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН БАЈРАМ

 

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ РЕАЛИЗИРА ЗАСИЛЕНИ АКТИВНОСТИ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН БАЈРАМ

 

Во пресрет на најголемиот муслимански верски празник - Рамазан Бајрам, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна активности за рачно и машинско миење на дворовите и околината на поголемите исламски верски храмови на територијата на градот Скопје.

 Со употреба на три автоцистернибеше извршено миење на дворовите на џамиите Мурат Паша и Мустафа Паша во Старата скопска чаршија, Јахја паша во Чаир, џамиите Хаџи Азем и Амди Бајрам во Шуто Оризари, џамијата Фетах Ефенди во Бутел, џамијата Хусеин Шах во Сарај и др.  

Воедно, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведуваат активности за рачно и машинско миење на главните и споредните улици во општините Чаир, Шуто Оризари, Бутел, Гази Баба и Сарај, каде што деновиве се очекува зголемена фреквенција на граѓани по повод одбележувањето на празникот Рамазан Бајрам. 

 

[ вторник, 09 април 2024 ] [ 91 ]

 
Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar