ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ОДРЖА ЕКО-ПРЕДАВАЊЕ ВО СУГС „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ОДРЖА ЕКО-ПРЕДАВАЊЕ ВО СУГС „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“

 

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ОДРЖА ЕКО-ПРЕДАВАЊЕ  ВО СУГС „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“

 

ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска започна со еко-предавањата и работилниците што во учебната 2023/2024 година ќе се реализираат во средните и основните училишта, како и во градинките на територијата на градот Скопје.

Еко-предавањата се одржаа во СУГС „Здравко Цветковски“, со учество на сто ученици од првите години што наставата ја следат на македонски и на албански јазик.

Учениците имаа можност да се запознаат со активностите на ЈП Комунална хигиена-Скопје и беа едуцирани како правилно да го одлагаат својот комунален отпад, кои се придобивките од примарната селекција на отпадот, како и штетните последици од создавањето диви депонии што директно ја загадуваат животната околина и го загрозуваат јавното здравје.

Воедно, во текот на денешниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведоа акција за генерално чистење на дворот на училиштето, во чиишто рамки беа подигнати и транспортирани приближно десет кубни метри кабаст и електронски отпад.

 

[ понеделник, 25 септември 2023 ] [ 200 ]

 
Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar