Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врши секојдневен надзор на дваесетина локации во сите скопски општини каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини. Во текот на месецот март се изготвени вкупно 48 едукативно-информативни записници за лица коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден спроведоа активности за чистење на внатрешноста на фонтаните лоцирани во централното градско подрачје коишто сè уште не се пуштени во употреба.
Воедно, беше отстранета и обемна дива депонија лоцирана на бул.Јане Сандански, во скопската општина Аеродром, при што се подигнати приближно пет кубни метри кабаст и градинарски отпад.