Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден реализираа активности за рачно и машинско метење и чистење на јавните и сообраќајните површини во сите скопски општини, како и празнење на садовите за одлагање на отпадот. Беше спроведено и подигнување на отпадот од специјалните садови наменети за примарна селекција, во коишто граѓаните ги селектираат стаклото, хартијата и пет-амбалажата.
ЈП Комунална хигиена-Скопје деновиве започна со поставување на 160 нови пластични контејнери за одлагање комунален отпад, набавени преку Ипард-проектот за прекугранична соработка. Новите садови се поставуваат во скопските општини Сарај, Бутел и Ѓорче Петров, додека на територијата на целиот град се врши сервисирање на постојните садови со зафатнина од 3,2м3 и 1,1м3.