Во текот на изминативе неколку денови, ЈП Комунална хигиена-Скопје вршеше замена на застарените метални садови наменети за одлагање на комуналниот отпад лоцирани на булеварот Партизански одреди.
Металните контејнери на потегот од раскрсницата со улицата Рузвелтова до мостот на Обединетите нации, се заменети со нови пластични садови со зафатнина од 1,1 м3.
Досега беше извршена замена на речиси сто садови, а до крајот на тековната седмица ќе бидат заменети сите застарени метални контејнери во овој реон, со цел да се обезбедат услови за похигиенско и поефикасно одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад.