ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА - СКОПЈЕ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО OПШТИНАТА ПЕХЧЕВО

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА - СКОПЈЕ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО OПШТИНАТА ПЕХЧЕВО

 

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА - СКОПЈЕ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО OПШТИНАТА ПЕХЧЕВО

 

ЈП Комунална хигиена-Скопје и општината Пехчево денеска преку потпишување Меморандум се обврзаа за воспоставување ефикасна, континуирана и координирана соработка меѓу Претпријатието и општината. Во рамките на денешната средба, в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева и градоначалникот на општината Пехчево, Александар Китански, договорија воспоставување соработка во насока на развојот на стручното образование и обуки, усовршување и оспособување на учениците на локално и национално ниво, со цел - имплементација на образовните програми во училиштата во општината Пехчево, преку спроведување практични обуки, предавања и работилници за  подигнување на свеста за правилното постапување со отпадот и заштитата на животната средина.
„Правилното одлагање на отпадот претставува клучен фактор за заштита на нашата животна околина и во таа насока секогаш ќе се залагам за секаков вид на соработка којашто ќе придонесе за развивање на еколошката свест и едуцираност кај најмладата популација.“-изјави в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

[ среда, 16 ноември 2022 ] [ 132 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar