ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ДИРЕКТОРОТ ЕНУЗ СЕ ЗАПОЗНА СО ПРОБЛЕМИТЕ НА ИНВАЛИДИТЕ НА ТРУДОТ ПРИ ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ

ДИРЕКТОРОТ ЕНУЗ СЕ ЗАПОЗНА СО ПРОБЛЕМИТЕ НА ИНВАЛИДИТЕ НА ТРУДОТ ПРИ ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ

 

ДИРЕКТОРОТ ЕНУЗ СЕ ЗАПОЗНА СО ПРОБЛЕМИТЕ НА ИНВАЛИДИТЕ НА ТРУДОТ ПРИ ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ

 

 

 

Во текот на денешниот ден се одржа седница на Секцијата на инвалидите на трудот при ЈП Комунална хигиена-Скопје на којашто зема учество и директорот на Претпријатието, Зухди Енуз.

 

Во рамките на седницата беше презентирана и Програмата на Секцијата за 2022 година, додека членовите имаа можност со директорот на Претпријатието да продискутираат околу секојдневните проблеми со коишто се соочуваат при извршувањето на своите професионални обврски. 

„Денеска за прв пат имав можност да се запознаам со активностите на Секцијата на инвалидите на трудот при ЈП Комунална хигиена-Скопје и уверен сум дека во претстојниот период ќе оствариме продуктивна соработка во насока на подобрување на условите за работа на овие лица и надминување на сите потешкотии со коишто се соочувале во минатото.“ - изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Зухди Енуз.

[ петок, 13 мај 2022 ] [ 363 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar