ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ЗАПОЧНУВА AKЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА СКОПСКАТА ОПШТИНА ЦЕНТАР

ЗАПОЧНУВА AKЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА СКОПСКАТА ОПШТИНА ЦЕНТАР

 

ЗАПОЧНУВА AKЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА  СКОПСКАТА ОПШТИНА ЦЕНТАР

 

 

 

 

Градот Скопје и јавните градски претпријатија во текот на денешниот ден ќе ја започнат акцијата за пролетно генерално чистење на скопската општина Центар.

Во рамките на акцијата, ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе реализира активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите, улиците и автобуските постојки во оваа скопска општина, како и миење и дезинфекција на контејнерите поставени на јавни површини вклучително со нивните микролокации.

На следните локации ќе бидат поставени специјални садови каде што жителите на општината Центар ќе можат да го одложат својот кабаст отпад што во текот на акцијата ќе биде подигнат и транспортиран од страна на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје:

1. Паркинг на ЈП ПОЦ, зад Веро-Џамбо;

2. ул. Питу Гули, кај Тинекс маркет (населба Водно);

3. Влез на ООУ „Ј.Х.Песталоци“;

4. Дебар Маало, кај кружниот тек;

5.Кај Билната аптека.

Во текот на акцијата за чистење на општината Шуто Оризари што се спроведуваше во текот на минатата седмица, во специјалните садови беа одложени вкупно 132 кубни метри кабаст отпад, додека екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 272 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во оваа скопска општина.

[ понеделник, 09 мај 2022 ] [ 55 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar