ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ПОСТАВЕНИ ТРИ ДОПОЛНИТЕЛНИ САДОВИ ЗА ОДЛАГАЊЕ КАБАСТ ОТПАД ВО ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ

ПОСТАВЕНИ ТРИ ДОПОЛНИТЕЛНИ САДОВИ ЗА ОДЛАГАЊЕ КАБАСТ ОТПАД ВО ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ

 

ПОСТАВЕНИ ТРИ ДОПОЛНИТЕЛНИ САДОВИ ЗА ОДЛАГАЊЕ КАБАСТ ОТПАД ВО  ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ

 

 

 

Во текот на вчерашниот ден, Градот Скопје и јавните градски претпријатија започнаа акција за генерално чистење на скопската општина Шуто Оризари.

Во рамките на акцијата, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализира активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците во оваа скопска општина, како и миење и дезинфекција на контејнерите и автобуските постојки.

ЈП Комунална хигиена-Скопје постави специјални садови за одлагање кабаст отпад на дополнителни три локации во оваа скопска општина. Покрај локациите кај автобуската постојка на последна 19-ка, спроти затворот - кај Жуто Лукс и на паркингот зад општината Шуто Оризари, во текот на денешниот ден се поставени садови и во населеното место Визбегово, на булеварот Македонско-косовска бригада бр.10 и на улицата Вашингтонска – кај СУГС „Шаип Јусуф“.

 

 

[ среда, 04 мај 2022 ] [ 339 ]

 

Вести

Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar