ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ЗАПОЧНА АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА САРАЈ

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ЗАПОЧНА АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА САРАЈ

 

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ЗАПОЧНА АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА САРАЈ

 

ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска започна акција за генерално чистење на скопската општина Сарај. Екипите на Претпријатието ќе извршат машинско миење со автоцистерни на улиците во општината, како и рачно миење и чистење на дворовите на градинките, училиштата и Факултетот за исламски науки. Во реализацијата на активностите се ангажирани 20 работници на терен, додека од механизацијата се употребуваат три автоцистерни, две специјални комунални возила-кипери, две специјални комунални возила-патарки и втоварувач-скип.

 Директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани и градоначалникот на општината Сарај, Блерим Беџети, денеска го посетија  населеното место Кондово, каде што се спроведуваат активности за  расчистување на обемна дива депонија.

 

ЈП Комунална хигиенакопје денеска започна со реализација на засилени активности за чистење на скопската општина Сарај. На самиот старт на новата учебна година, нашите екипи особено ќе се ангажираат за одржување на највисокото ниво на хигиената и чистотата на дворовите и непосредната околина на образовните институции во оваа скопска општина, а во рамките на акцијата ќе се изврши отстранување на големо количество несовесно одложен отпад од јавна површина во населеното место Кондово.“ - изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

 

[ вторник, 31 август 2021 ] [ 543 ]

 

Вести

Back to top
Close Offcanvas Sidebar