Во пресрет на новата учебна година, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности за рачно миење и чистење на дворовите и непосредната околина на училиштата и градинките во скопската општина Чаир.
„Во согласност со одлуката на Владата на РСМ - учебната година да започне со физичко присуство на учениците во училиштата, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска извршија рачно миење и чистење на дворовите на училиштата и градинките во скопската општина Чаир. Овие активности ги реализираме со цел нашите најмлади сограѓани да зачекорат во новата учебна година во чисто и здраво опкружување и воедно да се намали ризикот од ширењето на вирусот Ковид-19. Во текот на годинава во оваа скопска општина беа поставени и 33 нови контејнери со зафатнина од 3,2м2 наменети за одлагање мешан комунален отпад.“ - изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.