ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ЈА РАСЧИСТУВА ГОЛЕМАTA ДИВА ДЕПОНИЈА ВО ОПШТИНАТА САРАЈ

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ЈА РАСЧИСТУВА ГОЛЕМАTA ДИВА ДЕПОНИЈА ВО ОПШТИНАТА САРАЈ

 

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ЈА РАСЧИСТУВА ГОЛЕМАTA ДИВА ДЕПОНИЈА  ВО ОПШТИНАТА САРАЈ

 

ЈП Комунална хигиена-Скопје деновиве започна со отстранување на исклучително обемна дива депонија лоцирана во скопската општина Сарај, на патот за населеното место Рашче. Активностите за расчистување се одвиваат во координација со Градот Скопје и општината Сарај. „Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје веќе неколку денови работат на расчистување на наталожениот отпад во близина на населеното место Рашче, каде што во текот на еден подолг временски период е одлаган градежен, кабаст и мешан комунален отпад, што довело до создавање на огромна дива депонија. ЈП Комунална хигиена-Скопје од почетокот на годинава реализираше бројни активности за отстранување на дивите депонии што ја загадуваат животната околина и го загрозуваат здравјето на граѓаните. Очекуваме дека од оваа локација ќе бидат подигнати повеќе од 3000 кубни метри несовесно одложен отпад.“- истакна директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.


[ понеделник, 14 јуни 2021 ] [ 580 ]

 

Вести

Back to top
Close Offcanvas Sidebar