ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ НАБАВИ ДЕСЕТ НОВИ МАШИНИ ЗА МЕТЕЊЕ НА ЈАВНИ И СООБРАЌАЈНИ ПОВРШИНИ

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ НАБАВИ ДЕСЕТ НОВИ МАШИНИ ЗА МЕТЕЊЕ НА ЈАВНИ И СООБРАЌАЈНИ ПОВРШИНИ

 

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ НАБАВИ ДЕСЕТ НОВИ МАШИНИ  ЗА МЕТЕЊЕ НА ЈАВНИ И СООБРАЌАЈНИ ПОВРШИНИ

 

ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска ги промовираше новонабавените десет специјални машини наменети за метење на јавните и сообраќајните површини, што ќе се употребуваат за одржување на јавната хигиена во сите скопски општини.

Станува збор за машини со вшмукувачки систем составен од вакуумски вентилатор со контрола на бројот на вртежи од кабината и можност за хидраулично активирано истурање на отпадот, опремени со резервоар за вода со волумен од 200 литри, со хидраулична подготовка за приклучување на зимска опрема и камера со монитор во кабината за подобра прегледност на задната страна од машината. Овие специјални машини постигнуваат максимална работна брзина на метење од 12 км. на час и се дизајнирани, конструирани и произведени во согласност со светските стандарди за безбедност и заштита на здравјето.

„ЈП Комунална хигиена-Скопје ја одржува хигиената на шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини во градот Скопје, преку нивно секојдневно машинско и рачно миење и метење.

Наш врвен приоритет за 2021 година претставува заштитата на јавното здравје, а своето дејствување го насочивме кон намалување на ризикот од проширување на вирусот Ковид-19, преку одржувањето на јавната хигиена во градот Скопје на највисокото можно ниво.

Во таа насока денеска ги презентираме новонабавените десет специјални машини наменети за метење на јавните и сообраќајните површини во градот Скопје. Овие машини се дел од планираното големо обновување на возниот парк и механоопременоста на нашето Претпријатие.

Ни претстои набавка на уште 37 нови специјални комунални возила – автоцистерни, самоподигнувачи, кипери и возила наменети за собирање и транспорт  на комуналниот отпад, што очекуваме во голема мера да придонесат за поефикасно и поквалитетно извршување на активностите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, а нашите екипи во координација со Градот Скопје и во текот на оваа година да продолжат да спроведуваат бројни успешни акции за одржување на почиста, поздрава и поубава животна околина.“ - изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

 

 

[ среда, 10 февруари 2021 ] [ 1146 ]

 

Вести

Back to top
Close Offcanvas Sidebar