ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / Еко-патролата продолжува да ги едуцира граѓаните за правилното постапување со отпадот

Еко-патролата продолжува да ги едуцира граѓаните за правилното постапување со отпадот

 

Еко-патролата продолжува да ги едуцира граѓаните за правилното постапување со отпадот

 

Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје продолжува со едукативните активности на терен, со цел информирање на граѓаните како правилно и совесно да постапуваат со својот отпад. Во скопските општини Аеродром и Кисела Вода, граѓаните беа едуцирани дека Законот за јавна чистота забранува 
градежниот и кабастиот отпад да се одлага на јавните површини или во контејнерите и информирани дека ЈП „Комунална хигиена“Скопје им овозможува  електронската, електричната опрема и застарениот мебел да го депонираат во центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, без плаќање паричен надоместок.

Со цел превентивно дејствување на прагот од пролетната сезона, Еко-патролата оствари и низа средби со сопственици и вработени во угостителските објекти на Кејот 13-ти Ноември, со коишто беше разговарано за правилното третирање на отпадот од храна и елиминирањето на исцедоците коишто создаваат непријатна миризба околу садовите и можност од зарази.

 

[ четврток, 28 март 2019 ] [ 2160 ]

 
Политика на користење колачиња (cookies) Политика на приватност
Back to top
Close Offcanvas Sidebar