02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ИЗВРШИ ГЕНЕРАЛНО МИЕЊЕ НА БУЛЕВАРИТЕ И УЛИЦИТЕ ВО СИТЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ИЗВРШИ ГЕНЕРАЛНО МИЕЊЕ НА БУЛЕВАРИТЕ И УЛИЦИТЕ ВО СИТЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ

 

Во текот на изминатата недела, ЈП Комунална хигиена-Скопје изврши генерално машинско миење на сите булевари и поголеми улици на територијата на градот Скопје.

„Со употреба на десет автоцистерни, во сите скопски општини спроведовме засилени активности за машинско миење на  булеварите и поголемите улици во текот на ноќта.

Воведуваме нов тренд на одржување на хигиената на јавните сообраќајни површини, што очекуваме да резултира со зголемено ниво на чистота и поефикасна заштита на јавното здравје, односно намалување на можноста за ширење на вирусот Ковид-19.“ - изјави  директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

Линк за видео-материјал:

https://www.youtube.com/watch?v=DgUfBZti-Ao&t=466s

 

18.05.2020, 14:56 | 1148 прегледи