02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     НЕСОВЕСНО ОДЛАГАЊЕ ОТПАД ВО ОПШТИНАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 

НЕСОВЕСНО ОДЛАГАЊЕ ОТПАД ВО ОПШТИНАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 

Во текот на попладневните часови денеска, непознати лица исфрлиле огромен број документи на главната улица во скопската општина Ѓорче Петров. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје веднаш интервенираа на терен и ги подигнаа  расфрланите отпадоци што ќе бидат доставени до Инспекторатот на Градот Скопје, со цел навремено да се откријат и санкционираат прекршителите на Законот за јавна чистота.

„Апелираме до граѓаните на градот Скопје во овој период особено да внимаваат каде и на кој начин го одлагаат својот комунален отпад, затоа што со ваквите постапки значително се зголемува и ризикот од ширење заразни заболувања. Отпадот треба да се одлага уредно спакуван и исклучиво во поставените садови, а не во нивната околина или на други јавни површини, со цел да се спречи евентуалното создавање диви депонии. Само преку правилното постапување со отпадот, ќе го заштитиме сопственото и јавното здравје.“ - изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

 

06.04.2020, 19:41 | 630 прегледи