02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ СПРОВЕДУВА МАШИНСКО МИЕЊЕ НА УЛИЦИТЕ ВО ПЕТ СКОПСКИ ОПШТИНИ

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ СПРОВЕДУВА МАШИНСКО МИЕЊЕ НА УЛИЦИТЕ ВО ПЕТ СКОПСКИ ОПШТИНИ

 ЈП Комунална хигиена-Скопје утринава започна акција за машинско миење со автоцистерни на поголемите булевари и улици во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба.

Екипите на Претпријатието денеска ќе извршат и дезинфекција на плоштадот Македонија, Камениот мост, улицата Македонија, плоштадот Филип Втори и Старата скопска чаршија.

Во текот на утрешниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе ги продолжи активностите за машинско миење со автоцистерни во општините Шуто Оризари, Бутел, Ѓорче Петров, Карпош и Сарај.

 

21.03.2020, 10:14 | 971 прегледи