02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ИЗВРШИ ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ИЗВРШИ ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска извршија акција за дезинфекција на Старата скопска чаршија. Дезинфекцијата се спроведе на сите внатрешни улици и делови на Чаршијата, со употреба на специјално комунално возило за оваа намена.

„ Во Старата скопска чаршија секојдневно има голем број на посетители и минувачи, така што во координација со општината Чаир одлучивме токму на оваа локација да ги спроведеме овие вонредни мерки и активности, со цел максимално подигнување на нивото на хигиената и чистотата на јавните површини, во насока на заштитата на здравјето на граѓаните.“ - изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

18.03.2020, 11:30 | 568 прегледи