ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ СПРОВЕДУВА МИЕЊЕ И ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР „МАЈКА ТЕРЕЗА“

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ СПРОВЕДУВА МИЕЊЕ И ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР „МАЈКА ТЕРЕЗА“

 

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ СПРОВЕДУВА МИЕЊЕ И ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР „МАЈКА ТЕРЕЗА“

 

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје започнаа акција за миење и дезинфекција на улиците во внатрешноста на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во спроведувањето на акцијата се ангажирани триесет работници што со помош на две автоцистерни и едно специјално комунално возило надградено со резервоар во којшто се наоѓа посебно средство за дезинфекција, вршат рачно миење и дезинфекција на целокупниот простор. Воедно, во рамките на акцијата се спроведува миење и дезинфекција на сите садови за одлагање комунален отпад што се поставени во Клиничкиот комплекс. 

„Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје ја спроведуваат денешната акција во пресрет на последните случувања поврзани со ширењето на вирусот Ковид-19, со цел  хигиената и чистотата на просторот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ да се подигне на највисокото можно ниво, со што значително ќе се придонесе за превенција од ширење заразни заболувања.“ - изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

 

[ недела, 15 март 2020 ] [ 1754 ]

 

Вести

Back to top
Close Offcanvas Sidebar