02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ATЛЕТИЧАРКАТА ДРИТА ИСЛАМИ ВО ПОСЕТА НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ

ATЛЕТИЧАРКАТА ДРИТА ИСЛАМИ ВО ПОСЕТА НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ

Директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани, денеска имаше средба со младата атлетичарка Дрита Ислами.

Како претставник на Атлетската федерација на нашата земја, Дрита Ислами има учествувано на бројни меѓународни натпревари, како и на Олимписките игри во Рио, а неодамна таа постави нов национален рекорд во трчање на 400 метри. Во претстојниот период, Ислами ја очекува учество на балканското првенство во Истанбул, како и на европското првенство во трчање што ќе се одржи во Париз.

 „ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе ја поддржи Дрита Ислами, со цел таа да продолжи со своите успешни настапи на европските и на светските првенства. Од неа ќе очекуваме на младите генерации да им ја пренесе пораката дека животната средина се заштитува само преку совесно и правилно постапување со отпадот.“- изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

 

 

 

 

11.02.2020, 12:33 | 599 прегледи