02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ДИРЕКТОРОТ ШАБАНИ ГО ПОСЕТИ ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА „МИЛИЦА“

ДИРЕКТОРОТ ШАБАНИ ГО ПОСЕТИ ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА „МИЛИЦА“

На прагот на новата година, директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани, имаше средба и дружење со станарите на Домот за стари лица „Милица“. 

„ Многу може да се научи од мудроста и искуството на повозрасните и затоа со радост и задоволство ги поминав овие мигови во нивно друштво. Заедно со мојот менаџерски тим им посакавме во новата 2020 година да ги служи здравјето, да бидат среќни и долговечни.“- изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

26.12.2019, 09:16 | 860 прегледи