02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА БУРСА

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА БУРСА

Директорот на ЈП Комунална хигиена – Скопје, Абдусамед Шабани, во придружба на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Претпријатието, денеска реализираше работна посета на Бурса, Р. Турција, каде што имаше можност да се сретне со заменик-градоначалникот на општината Османгази, Булент Хамди Чингил, како и со генералниот менаџер на Претпријатието за комунални услуги на градот Бурса, Мемиш Мемиш.

„Со претставниците на општината Османгази, како и со генералниот менаџер на Претпријатието за комунални услуги на градот Бурса разменивме исклучително корисни работни искуства и идеи во сферата на собирањето и селекцијата на комуналниот отпад, а имавме можност да го посетиме и најголемиот Центар за селекција на отпадот во овој регион.“-изјави директорот на ЈП Комунална хигиена – Скопје, Абдусамед Шабани.

Делегацијата на ЈП Комунална хигиена – Скопје во текот на утрешниот ден ќе оствари официјална средба со претставниците од Министерството за животна средина на Р.Турција.“

23.12.2019, 18:43 | 769 прегледи