ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ЗАПОЧНА ПИЛОТ-ПРОЕКТОТ ЗА ПРИМАРНА СЕЛЕКЦИЈА НА КОМУНАЛНИОТ ОТПАД ОД ДОМАЌИНСТВАТА

ЗАПОЧНА ПИЛОТ-ПРОЕКТОТ ЗА ПРИМАРНА СЕЛЕКЦИЈА НА КОМУНАЛНИОТ ОТПАД ОД ДОМАЌИНСТВАТА

 

ЗАПОЧНА ПИЛОТ-ПРОЕКТОТ ЗА ПРИМАРНА СЕЛЕКЦИЈА НА КОМУНАЛНИОТ ОТПАД ОД ДОМАЌИНСТВАТА

 

ЈП Комунална хигиена-Скопје, во координација со Градот Скопје и општината Карпош, денеска ја започнаа реализацијата на пилот-Проектот за примарна селекција на комуналниот отпад од домаќинствата.

Со Пилот-проектот ќе бидат опфатени 500 индивидуални домаќинства од населбата Влае, што ќе го селектираат својот комунален отпад на сува и влажна фракција. ЈП Комунална хигиена-Скопје во овие домаќинства веќе подели по една дополнителна канта наменета за одлагање на сувата фракција на отпадот - пластиката, хартијата, металот, стаклото и сл. Кантата за отпад што граѓаните ја употребувале досега, отсега ќе биде наменета за одлагање на влажната фракција - биоразградливиот отпад, односно остатоците од храна (овошје, зеленчук, месо, коски), лисја, цвеќе итн.

 

„Воведувањето на примарното селектирање на комуналниот отпад претставува долгоочекуван чекор во дејствувањето на ЈП Комунална хигиена- Скопје. Примарната селекција на отпадот резултира со зголемена ефикасност при собирањето и транспортот односно повисок степен на рециклирање и негова понатамошна реупотреба, но она што е најзначајно е дека придонесува значително да се намали количеството комунален отпад што завршува на депонија.

Покрај сувиот дел од комуналниот отпад што веќе се преработува, планираме во целост да ја искористиме и преработиме и влажната фракција на отпадот, за што веќе имаме нацрт-проект за компостирање на биоразградливиот отпад, што следната година ќе започне да функционира во нашиот Центар за селекција во Вардариште, a го изработи консултантот од САД, г. Џеф Гејџ.

Ги повикуваме граѓаните да го селектираат својот комунален отпад  и на тој начин да ни се придружат во остварувањето на нашата визија за почисто Скопје и поздрава животна околина.“ - истакна директорот на  ЈП Комунална хигиена- Скопје, Абдусамед Шабани.

 

 

 

 

 

[ понеделник, 16 декември 2019 ] [ 1867 ]

 

Вести

Back to top
Close Offcanvas Sidebar